Португалија, прва репрерзентација која се пласира во полуфиналето на ЕУРО 2016

Нормалното време и продолжетоците на мечот завршија со нерешен резултат од 1:1 по што се премина на пенали во што Португалија беше поуспешна и ја победи Полска со 5:3

522411
Португалија, прва репрерзентација која се пласира во полуфиналето на ЕУРО 2016

Првата репрезентација која се пласира во полуфиналето на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) стана Португалија.

Португалија  во четвртфиналето играше со Полска.

Нормалното време и продолжетоците на мечот завршија со нерешен резултат од 1:1 по што се премина на пенали во што Португалија беше поуспешна и ја победи Полска со 5:3.

Кај Португалија гол од пенали постигнаа Роналдо, Ренато Санчез, Мутињо, Нани и Кварежма, а кај Полска головите пристигнаа од Левандовски, Милик и Глик, додека Блажиковски не можеше да постигне гол.

Португалија во полуфиналето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Велс и Белгија.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 јули, а финалето ќе се одигра во Париз на 10 јули.



Слични вести