Италија ја елиминира Шпанија, а Исланд ја декласира Англија
Вчера беа одиграни последната два натпревари од осмина финалето на ЕУРО 2916 во кои Италија го елиминираа актуелниот европски првак Шпанија, а Исланд ја декласира Англија и се пласираа во четвртфиналето
519463

Завршија натпреварите од осмина финалето на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција.
Вчера беа одиграни последната два натпревари од осмина финалето.
Во првиот меч Италија ја победи Шпанија со резултат од 2:0 и се пласира во четвртфиналето.
Со тоа Италијанците ги елиминираа Шпанците кои ја бранеа титулата европски шампион од ЕУРО 2012.
Во вториот натпревар пак Исланд ја победи Англија со резултат од 2:1 и исто така се пласира во четвртифанлето на првенството.