Продолжува воодушевувањето на ЕУРО 2016
По Велс, Полска и Португалија во четвртфиналето на првенството се пласираа и домаќинот Франција, Германија и Белгија

Проодлжува воодушевувањето на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција.
По Велс, Полска и Португалија во четвртфиналето на првенството се пласира и домаќинот Франција.
Франција во осмина финалето вчера извојува победа над Република Ирска со резултат од 2:1.
Германија ја победи Словачка со убедливи 3:0 и исто така го запиша своето име во четвртфиналето.
Во последниот натпревар во осмина финалето на ЕУРО 2016 Белгија ја победи Унгарија со убедливи 4:0 и му стана противник на Велс во четвртфиналето.
Вечерва во 19:00 часот според турско време пак за пласирање во четвртфиналето ќе играат Италија и Шпанија.
Натпреварот ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ Спор, а ќе го води турскиот судија Џунејт Чакир.
Во 22:00 часот според турско време за пласирање во четвртфиналето ќе играат Англија и Исланд и овој натпревар ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.