Аргентина поразена на пенали: Триумф на Чиле во Копа Америка

Нормалното време на натпреварот заврши нерешено без голови по што се премина на пенали и Чиле ја победи Аргентина со 4:2 и го освои купот, додека Лионел Меси најави дека ја напушта репрезентацијата

519152
Аргентина поразена на пенали: Триумф на Чиле во Копа Америка

Во финалето на Копа Америка играа Аргентина и Чиле.

Нормалното време на натпреварот заврши нерешено без голови по што се премина на пенали и Чиле ја победи Аргентина со 4:2 и го освои купот.

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси не можеше да постигне гол од пенал, додека во текот на натпреварот добија црвен картон и беа исфрлени од игра Марсело Диаз од Чиле и Маркос Рохо од Аргентина.  

Лионел Меси кој беше длабоко растажен поради поразот најави дека ја напушта репрезентацијата.



Слични вести