Португалија се пласира во четврт финалето на Еуро 2016

Единствениот гол на натпреварот го постигна Куаресма кој инаку го носи дресот на Бешикташ, во 116 .минута .

518568
Португалија се пласира во четврт финалето на Еуро 2016

Репрезентацијата на Португалија се пласира во четврт финалето на Еуро 2016.Натпреварот во регуларно време заврши без голови 0 спрема 0, така да се одеше а продолжетоци.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Куаресма кој инаку го носи дресот на Бешикташ, во 116 .минута .

Нани кој го носи дресот на Фенерахче и кој играше на овој натпревар по 100.ти пат го облече националниот дрес на Португалија.

Противникот на Португалија на следниот натпревар ќе биде Полска која ја победи Швајцарија со резултат од 5 спрема 4. И овој натпревар во регуларното време заврши без голови така да продолжетоците го определија победникот.

Велс ја победи Северна Ирска со 1 спрема 0.

Вечерва ќе бидат познати уште три екипи кои ќе влезат во четврт финалните натпревари .

Попладнево денеска во 16 часот според турско време ќе играат Франција против Ирска, во 19 часот Германија против Словачка и во 22 часот Унгарија против Белгија.



Слични вести