Две златни медали за Турција на првиот ден на Комен купот во Малта
Турските пливачки се закитија со медали уште на првиот ден на пливачкиот куп Комен што се одржува во Гриза на островот Малта.

Турските пливачки се закитија со медали уште на првиот ден на пливачкиот куп Комен што се одржува во Гриза на островот Малта.
Женската четворка во состав Зехра Дуру Билгин, Мелике Сертлер, Алејна Озкан и Гизем Ѓувенч го освоија златниот медал во категоријата 4x 100 метри мешан стил со знаменце постигнувајќи рекорден резултат од 4 минути, 17 секунди и 51 стотинка.
Вториот златен медал го освои пливачката Алејна Озкан во натпреварот 100 метри пеперутка стил. Озкан на целта пристигна за 1 минута,1 секунда и 82 десетинки.
Во дисциплината 100 метри градно Мелике Сертлер стигна втора на целта и го освои сребрениот медал со резултат од 1 минута,12 секунди и40 десетинки а Гизем Ѓувенч во дисциплината слободен стил на 100 метри стана третопласирана со резултат од 57 секунди и 73 десетински, што воедно претставува нов турски рекорд.