Турција се збогува со ЕУРО 2016
Турција не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри репрезентации кои го освоија третото место во своите групи на ЕУРО 2016 и се збогува со првенството

На крајот од одиграните натрпевари во групите на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција познати се и репрезентациите кои се пласираа во понатамошното коло (осмина финалето) на првенството.
Турската фудбалска репрезентација која играше во групата „Д“ и покрај тоа што во првите одиграни два натпревари беше поразена од Хрватска и Шпанија во третиот и последен натпревар извојува победа против Република Чешка и ја продолжи шансата за за да излезе од групата.
Меѓутоа по одиграните последни натпревари и во другите групи Турција не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри третопласирани репрезентации репрезентации во своите групи и се збогува со првенството.
Во групата „Е“ Република Ирска ја победи Италија со 1:0 и со освоени 4 поени стана репрезентација која се пласира во наредното коло на првенството.
Во вториот одигран последен натпревар во групата „Ф“ Белгија ја победи Шведска со 1:0 што пак и покрај тоа што овој резултат беше во полза на Турција не беше доволно за да излезе од групата.
Најдобри четири репрезентации кои го овоија третото место во своите групи и се пласираа во осминафиналето на првенството се Словачка и Република Ирска кои освоија по 4 поени и Португалија и Северна Ирска кои имаат по 3 поени исто како и Турција, но се со подобар просек.
На тој начин Турција по втор пат се збогува во фазата од групните натпревари на Европското фудбалско првенство на кое учествува по четвтри пат во својата историја.