Познати противниците на турската женска кошаркарска репрезентација на ОИ-2016 во Рио

Турција на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат од 5 до 21 август во групата „А“ ќе игра со Франција, Јапонија, Бразил, Австралија и Белорусија

514468
Познати противниците на турската женска кошаркарска репрезентација на ОИ-2016 во Рио

Познати противниците на турската женска кошаркарска репрезентација која ќе се натпреварува на Олиписките игри во Рио де Жанеиро во Бразил.

Во францускиот град Нант беа извлечени ждрепките со кои беа одредени групите за Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои ќе се одржат од 5 до 21 август.

Според тоа Турција во групата „А“ ќе игра со Франција, Јапонија, Бразил, Австралија и Белорусија.

Во групата „Б“ пак ќе играат Канада, Шпанија, САД, Сенегал, Србија и Кина.

Кошаркарските репрезентации кои ќе се пласираат меѓу првите четири во групите ќе играат во четвртфиналето.



Слични вести