Кенан Софуоглу на осмата трка во сезоната го освои првото место

На осмата трка од сезоната во Светскиот Суперспорт шампионат победи турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу

514049
Кенан Софуоглу на осмата трка во сезоната го освои првото место

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу кој се натпреварува во Светскиот Суперспорт шампионат на осмата трка во сезоната која се возеше на пистата Мисано во Италија го освои првото место.

Осмата трка од сезоната во должина од 4.226 метри се возеше на пистата Мисано во италијанскиот град Римини во вкупно 19 круга.

Состојбата во бројот на освоени поени на првите пет места во пласманот кај пилотите на крајот од осмата трка во сезоната изгледа вака:

1. Кенан Софуоглу (Турција) - 146 поени

2. Ренди Круменахер (Швајцарија) - 106 поени

3. Патрик Џакобсен (САД) - 92 поени

4. Гино Реа (Велика Британија) - 78 поени

5. Жул Клузел (Франција) - 75 поени

Во  Светскиот Суперспорт шампионат до септември ќе се паузира по што деветата трка во сезоната ќе се вози на 18 септември во Германија.



Слични вести