Во самоубиствен напад со возило-бомба во либискиот град Сирте загинаа 10 лица

Во близина на градот Сирте во Либија беше извршен самоубиствен напад со возило-бомба на полициска станица во кој загинаа 10 лица, а 7 лица беа повредени

512422
Во самоубиствен напад со возило-бомба во либискиот град Сирте загинаа 10 лица

Во реализиран самоубиствен напад од страна на терористичката организација ДЕАШ во близина на градот Сирте во Либија загинаа 10 лица, а 7 лица беа повредени.

Самоубиствениот напад беше извршен со возило-бомба на една полициска станица.

Единиците лојални на владата на национално единство во Либија повеќе од еден месец како водат борба против терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на земјата.

Стратешкиот пристанишен град Сирте кој од јануари 2015 година се наоѓаше во рацете на терористичката организација ДЕАШ минатата недела беше заземен од страна на силите на либиската влада на национално единство.



Слични вести