Домаќинот прва репрезентација која го загарантира шеснаесетфиналето на ЕУРО 2016

Во рамките на вчерашните натпревари на Европското фудбалско првенство 2016 домаќинот Франција ја порази Албанија со 2:0 и стана прва репрезентација која го загарантира шеснаесетфиналето

511833
Домаќинот прва репрезентација која го загарантира шеснаесетфиналето на ЕУРО 2016
Euro 2016.jpg

На Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција вчера беа одиграни три натпревари.

Во групата „А“ Романија и Швајцарија играа нерешено 1:1, додека Франција ја порази Алабија со резултат од 2:0.

На тој начин Франција која води во групата со освоени 6 поени стана прва репрезентација која го загарантира шеснаесетфиналето.

Во вчерашниот трет натпревар на првенството во групата „Б“ Словачка ја победи Русија со 2:1.

Денеска ќе се одиграат уште три натпревари и тоа:

Во 16:00 часот според турско време во групата „Б“ ќе играат Англија и Велс и овој натпревар ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.

Во групата „Ц“ во 19:00 часот според турско време ќе играат Украина и Северна Ирска и натпреварот ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ Спор.

Во истата група во 22:00 часот според турско време пак ќе играат Германија и Полска и натпреварот ќе се емитува преку екраните на ТРТ 1.



Слични вести