Хрватските навивачи ќе ја подржат Турција на претстојниот натпревар против Шпанија.

Фудбалската федерација на Турција минатата недела објави порака со сочувство која пробуди големо внимание во цела Хрватска

511478
Хрватските навивачи ќе ја подржат Турција на претстојниот натпревар против Шпанија.

Хрватските навивачи усвоија одлука да ја подржат турската репрезентација на претстојниот натпревар против Шпанија.

По повод смртта на таткото на хрватскиот фудбалер Дарио Срна кој почина за време на натпреварот меѓу Турција и Хрватска, Фудбалската федерација на Турција минатата недела објави порака со сочувство која пробуди големо внимание во цела Хрватска.

Хрватските навивачи преку профилите на социјалните медиуми објавија низа коментари и изразија поддршка на турските репрезентативци на натпреварот на Турција против Шпанија.

Претстојниот натпревар против Шпанија, последниот шампион на Европското првенство кој ќе се одигра на 17 јуни петок во 22.00 часот според локално време има големо значење за натамошните квалификации на турската фудбалска репрезентација.



Слични вести