Фенербахче, шампион на Турција во кошарка во сезоната 2015-2016 година

Во шестиот меч од серијата Фенербахче извојува победа над својот противник Анадолу Ефес со резултат од 91:70 и ја освои шампионската титула

510204
Фенербахче, шампион на Турција во кошарка во сезоната 2015-2016 година

Фенербахче во шестиот натпревар во серијата од плејофот на првата кошаркарска лига на Турција го победи Анадолу Ефес со резултат од 91:70 и со 4:2 во серијата стана шампион во сезоната 2015-2016 година.

Во шестиот меч од серијата што се одигра синоќа во спортската сала Улкер Арена во Истанбул жолто-лилјаковите кошаркари со поддршка и на своите навивачи извојуваа победа над својот противник Анадолу Ефес со разлика до 19 кошеви и ја освоија шампионската титула. 

Фенербахче својата прва шампионска титула во кошаркарската лига на Турција ја освои во сезоната 1990-1991 година, а потоа стана шампион и во сезоните 2006-2007, 2007-2008, 2009-2010, 2010-2011, 2013-2014 и во 2015-2016 година.

Во последните 10 сезони Фенербахче освои дури 6 шампионски титули и фрли потпис на еден значаен успех.



Слични вести