За време на ЕУРО 2016 во Франција досега приведени 63 лица

Поради насилствата од почетокот на првенството во петокот досега е покрената судска постапка во врска со 116 лица, а тројца странски државјани беа депортирани

510069
За време на ЕУРО 2016 во Франција досега приведени 63 лица

Во насилствата за време на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција беа приведени 63 лица.

Поради насилствата од почетокот на првенството во петокот досега е покрената судска истрага во врска со 116 лица, а тројца странски државјани беа депортирани.

На 5 мина навивачи пак поради можност за нарушување на јавниот ред и мирот не им беше дозволено влез во Франција.

Завчера пред натпреварот помеѓу Русија и Англија во градот Марсеј кој заврши нерешено 1:1 исто така дојде до тепачка помеѓу навивачите на двете земји и притоа беа повредени 35 лица од кои четворица потешко.

Исто така беа доживеани немири и кавги и помеѓу навивачите на репрезентациите на други земји.

Од друга страна според веста на весникот „Nice Matin“ еден 24-годишен навивач на Северна Ирска по натпреварот на неговата земја со Полска синоќа во доцните часови во областа Promenade des Anglais во Ница паднал преку ограда врз плажа со камења и го загубил животот.



Слични вести