Тепачка помеѓу руските и англиските навивачи на ЕУРО 2016 во Франција

Пред синоќешниот фудбалски натпревар помеѓу Англија и Русија на Европското фудбалско првенство 2016 што се одигра во  градот Марсеј под дејство и на алкохолот дојде до тепачка помеѓу навивачите на двете земји

509075
Тепачка помеѓу руските и англиските навивачи на ЕУРО 2016 во Франција
ingiliz-rus taraftarlar arasında kavga.jpg
ingiliz-rus taraftarlar kavga.jpg
ingiliz-rus taraftarlar arasında taşkınlık.jpg

Тепачка помеѓу руските и англиските навивачи на ЕУРО 2016 во Франција...

Пред синоќешниот фудбалски натпревар помеѓу Англија и Русија на Европското фудбалско првенство 2016 што се одигра во  градот Марсеј под дејство и на алкохолот дојде до тепачка помеѓу навивачите на двете земји.

Во судирот помеѓу навивачите на двете земји во туристичката област во поранешното пристаниште на Марсеј беа повредени 6 лица од кои двајца потешко.  

Еден тешко повреден руски навивач доживеа срцев удар и се наоѓа во животна опасност, а од друга страна во сериозна здравствена состојба се наоѓа и еден англиски навивач кој исто така беше тешко повреден за време на тепачката во која летаа шишиња, столици и камења.

Француската полиција за разделување на навивачите на двете земји чиј број изнесуваше некаде околу 1.500 беше приморена да употреби водени топови и солзавец, додека 6 лица замешани во тепачката беа притворени

Во градот Марсеј и пред два дена дојде до кавга помеѓу руските и англиските навивачи при што француската полиција тешко можеше да ги оддели една од друга двете навивачки групи и притоа беа притворени 9 лица.

Францускиот министер за спорт Патрик Канер претходно истакна дека натпреварот помеѓу Англија и Русија, кој инаку беше одигран синоќа и заврши со нерешен резултат од 1:1, се оценува како една од петте најризични мечеви на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016).



Слични вести