Лош старт од Турција на ЕУРО 2016: Турција-Хрватска 0:1

Турција во првиот меч на ЕУРО 2016 изгуби од Хрватска со резултат од 1:0

509420
Лош старт од Турција на ЕУРО 2016: Турција-Хрватска 0:1

Турција во првиот натпревар на Европското првенство 2016 (ЕУРО 2016) во Франција изгуби од Хрватска со резултат од 1:0.

Голот за Хрватска го постигна Лука Модриќ во 41-та минута од натпреварот.

Поголемиот дел од билетите за мечот што се одигра на стадионот Парк де Принс во Париз со капацитет за 50 илјади гледачи го купија турските навивачи.

Големиот број турски навивачи со турски знамиња и дресови на турската фудбалска репрезентација ги бодреа турските фудбалери и пред и после натпреварот.

Со овој пораз турската фудбалска репрезентација првенството го започна лошо.

Турција која на Европското фудбалско првенство 2016 (ЕУРО 2016) се натпреварува во групата „Д“ следните два натпревари ќе ги одигра против Шпанија и Чешка.

Натпреварот помеѓу Турција и Шпанија ќе се одигра на 17 јуни во петок.

Третиот и последен натпревар во групата Турција ќе го одигра на 21 јуни во вторник против Чешка.



Слични вести