Европското првенство во фудбал започна со улична тепачка

Во Марсеј каде утре ќе треба да се одржи натпреварот меѓу Русија и Англија во рамките на Б групата на Европскиот шампионат во фудбал дојде до улична тепачка меѓу навивачите на англискиот тим и група француски граѓани

508328
Европското првенство во фудбал започна со улична тепачка

Европското првенство во фудбал започна со тепачка

Во Марсеј каде утре ќе треба да се одржи натпреварот меѓу Русија и Англија во рамките на Б групата на Европскиот шампионат во фудбал дојде до улична тепачка меѓу навивачите на англискиот тим и група француски граѓани.

Како што соопштија француските медиуми тепачката се случила доцна синоќа во старото пристаниште на Марсеј. Навивачите на англиската репрезентација оштетиле неколку јавни објекти.

Веднаш интервенирала полицијата со солзавец во обид да ги растера учесниците во тепачката.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Франција Пјер Анри Бранде во изјава за еден француски телевизиски канал рекол дека во инцидентот биле повредени двајца англиски навивачи и четворица полицајци. Бранде додаде дека полицијата привела двајца од кои еден англиски навивач.

Се очекува во Франција да допатуваат околу 300 000 навивачи од Англија за шампионатот.

Инаку Англија се натпреварува во Б групата а утре ќе го игра првиот натпревар со Русија во стадионот Велодром во Марсеј.

Натпреварот ќе започне во 22 часот според турско време.



Слични вести