Турција ја победи Словенија со 1:0 и оди со голем морал на ЕП во фудбал во Франција

Турција со сониќешната извојувана победа на подготвителниот натпревар против Словенија во гости со 1:0 со голем морал и големи очекувања оди на Европското фудбалско првенство 2016 во Франција

504655
Турција ја победи Словенија со 1:0 и оди со голем морал на ЕП во фудбал во Франција

Турската фудбалска репрезентација во последниот подготвителен натпревар пред Европското фудбалско првенство 2016 во Франција синоќа ја победи Словенија во гости со резултат од 1:0.

Со оваа извојувана победа Турција оди со голем морал и големи очекувања на првенството.

Уште во 5-тата минута од натпреварот Турција со голот на Бурак Јилмаз премина во водство од 1:0 со што оваа предност ја зачува до крајот на натпреварот.

Турскиот репрезентативец голгетер Бурак Јилмаз кој го постигна единствениот и победоносен гол против Словенија по 8 натпревари повторно се најде во првата единаесетка.

Бурак Јилмаз последниот меч во квалификациите за Европското фудбалско првенство го одигра на 6 јуни на натпреварот против Холандија на кој Турција извојува победа од 3:0 кога постигна и еден гол.

Потоа поради повреди чекаше 9 месеци за да го го заземе повторно своето место во првата единаесетка и на синоќешниот подготвителен натпревар против Словенија играше извонредно.

Турскиот голгетер Бурак Јилмаз досега на одиграни 44 натпревари во репрезентативниот дрес постигна вкупно 22 гола со што по Хакан Шукур (51), Тунџај Шанли (22) и Лефтер Кучукандонјадис (21) стана четврти репрезентативец со најголем број на постигнати голови.

Бурак Јилмаз ги остави зад себе Метин Октај, Џемил Туран и Нихат Кахвеџи кои имаат постиганти по 19 голови за турската фудбалска репрезентација.



Слични вести