Почина Мухамед Али легендата на светскиот бокс

Името на починатиот Мухамед Али уште додека беше жив со златни букви беше напишано во историјата на светскиот бокс и спорт

503852
Почина Мухамед Али легендата на светскиот бокс

Мухамед Али поранешен светски првак во тешка категорија во бокс почина на 74 годишна возраст во болница по неколку годишно болување од паркинсоновата болест.

Инаку вистинското име на Али пред да го прими Исламот беше Касиус Марселус Клеј Џуниор. Тој во 1964 година конвертира во Ислам и го доби името Мухамед Али.

Мухамед Али шампионската титула ја освои три пати и тоа во 1964, 1974 и 1978 година.

Во текот на својата богата боксерска кариера победи во 56 меча од вкупно 61.

Името на починатиот Мухамед Али уште додека беше жив со златни букви беше напишано во историјата на светскиот бокс и спорт.



Слични вести