Кинезите ќе го купат фудбалскиот клуб Интер

Како што тврди италијанскиот печат кинеската електронска компанија Сунинг постигнала договор со управата на Интер за купување на 70 насто од акциите на клубот

504047
Кинезите ќе го купат фудбалскиот клуб Интер

Во италијанската фудбалска јавност се појавија шпекулации дека кинезите ќе го купат клубот Интер кој што се натпреварува во  Првата лига А серија.

Како што тврди италијанскиот печат кинеската електронска компанија Сунинг постигнала договор со управата на Интер за купување на 70 насто од акциите на клубот.

Се уште е неизвесна судбината на техничкиот директор на Интер Роберто Манцини за кој засега се знае само дека ќе продолжи да работи за клубот.

Се очекува Интер во понеделник да издаде официјално соопштение  во врска со оваа зделка.



Слични вести