Познати можните противници на Фенербахче во Лигата на шампионите

Можните 5 противници на Фенербахче во третото предквалификационо коло во Лигата на шампионите се Монако (Франција), Јанг Бојс (Швајцарија), Стеауа Букурешт (Романија), Ростов (Русија) и ПАОК (Грција)

502004
Познати можните противници на Фенербахче во Лигата на шампионите

Познати можните противници на турскиот фудбалски проволигаш Фенербахче во третото предквалификационо коло во Лигата на Шампионите на УЕФА.

Во објавеното соопштение од жолто-лилјаковиот клуб се истакнува дека познати се имињата на 5-те можни противници на Фенербахче кој ќе учествува како носител во третото предквалификационо коло во Лигата на шампионите.

Според тоа можните 5 противници на Фенербахче во третото предквалификационо коло во Лигата на шампионите се Монако (Франција), Јанг Бојс (Швајцарија), Стеауа Букурешт (Романија), Ростов (Русија) и ПАОК (Грција).

Противникот на Фенербахче во третото предквалификационо коло во Лигата на шампионите ќе биде извлечен преку ждребка на 15 јули во швајцарскиот град Нион.

Првите натпревари во ова коло ќе се одиграат на 26 или 27 јули, а реваншите на 2 или 3 август.



Слични вести