Ирем Јаман освои златен медал на ЕП во таеквандо во категоријата до 62 килограми

Турската спортистка Ирем Јаман која во категоријата до 62 килограми жени излезе на татами во финалето ја победи својата француска противничка Магда  Виет Хенин со резултат од 5:0 и стана европски шампион

495457
Ирем Јаман освои златен медал на ЕП во таеквандо во категоријата до 62 килограми

На Европското првенство во таеквандо вее турски ветар...

Третиот ден на првенството турските спортисти Ирем Јаман освои златен медал, а Нур Татар и Јунус Сари сребрени медали.

Третиот ден на Европското првенство во таеквандо што се одржува во швајцарскиот град Монтре се одиграа натпреварите во категориите до 62 и 67 килограми жени и 74 и 80 килограми мажи.

Турската спортистка Ирем Јаман која во категоријата до 62 килограми жени излезе на татами во финалето ја победи својата француска противничка Магда  Виет Хенин со резултат од 5:0 и стана европски шампион.

Една друга спортистка Нур Татар во категоријата до 67 килограми жени во финалето играше против Лорен Вилиамс од Велика Британија.

Додека натпреварот продолжуваше со резултат од 3:3 судиите донесоа една дискутабилна одлука со која претходно изречената казна за британската спортистка Лорен Вилиам и ја доделија на турската спортистка Нур Татар која финалниот натпревар го изгуби со 4:3 и го освои сребрениот медал.

Турскиот спортист кој излезе на татами во категоријата до 80 килограми Јунус Сари  во финалето беше поразен од својот азербејџански противник Милад Беиги Харченаги со резултат од 5;0 и го освои сребрениот медал.

Денеска последниот ден на првенството уште 5 турски спортисти ќе излезат на татами и тоа Сердар Јуксел во категоријата до 87 килограми мажи, Каан Килич во категоријата плус 87 килограми мажи, Шејма Нур Согут и Ебру Јумлу во категоријата до 73 килограми жени и Нафиа Куш во категоријата плус 73 килограми жени. 



Слични вести