Сервет Тазеѓул европски шампион во таеквондо во категоријата до 68 кг мажи

Зелиха Агрис која во категоријата до 53 кг жени освои бронзен медал

495031
Сервет Тазеѓул европски шампион во таеквондо во категоријата до 68 кг мажи

Сервет Тазеѓул, турскиот спортист кој  ја застапуваше Турција на 22 Европски шампионат во таеквондо во шведскиот град Монтре стана европски шампион во категоријата до 68 кг мажи.

Европскиот, светски и олимписки турски репрезентативец Сервет Тазеѓул кој излезе на татамито до 68 кг мажи, откако го помина првиот круг, на вториот круг се натпреваруваше со Борис Руиз од Андора кого го совлада со резултат од 3-2. Тазеѓул во третиот круг го совлада Англичанецот Бен Хајнс со 6-2, додека во четврт-финалето Русинот Вјачеслав Минин со 9-7 и на тој начин се пласираше во полуфиналето.

На полуфиналниот натпревар извојува победа од 15-5 против рускиот противник Константин Минин, братот близнак на претходниот противник кого го совлада во претходниот круг.

На финалето против ирачкиот противник од туркменско потекло, германскиот репрезентативец Хамза Аднан-Карим Сервет Тазеѓул во рок од 10 секунди освои 3 поени и противникот го победи со резултат од 6-5 и на тој начин го освои златниот медал.

По шампионските титули во 2008, 2010, 2012 и 2014 година, ова е петта шампионска титула на европски првак во таеквондо на Сервет Тазеѓул.

Еден друг турски репрезентативец кој се на натпреваруваше на шампионатот е Зелиха Агрис која во категоријата до 53 кг жени освои бронзен медал.



Слични вести