Финалето во Лига Европа помеѓу Ливерпул и Севиља вечерва во живо на ТРТ 1

Финалниот натпревар во Лига Европа на УЕФА ќе се одигра вечерва во 21:45 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1 и на интернет адресата www.trtspor.com

492433
Финалето во Лига Европа помеѓу Ливерпул и Севиља вечерва во живо на ТРТ 1

Во финалето на Лига Европа на УЕФА на 18 мај вечерва ќе играат англиски Ливерпул и шпански Севиља.

На големото финале што ќе се одигра на стадионот Сент Јакоб Парк  St. Jakob-Park во швајцарскиот град Базел ќе суди шведскиот судија Јонас Ериксон, а негови помошници ќе бидат Матијас Класениус и Даниел Варнмарк.

Норвешкиот судија Свеин Моен пак ќе биде четврти судија.

Финалниот натпревар во Лига Европа на УЕФА помеѓу Ливерпул и Севиља ќе се одигра вечерва во 21:45 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1 и на интернет адресата www.trtspor.com



Слични вести