Кенан Софуоглу на шестата трка во Малезија го освои шестото место

На шестата трка во Светскиот Суперспорт шампионат која што се возеше во малезија турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу го освои шестото место

491374
Кенан Софуоглу на шестата трка во Малезија го освои шестото место

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу кој се натпреварува во Светскиот Суперспорт шампионат на шестата трка од сезоната која што се возеше во Малезија го освои шестото место.

Шестата трка која се возеше на Меѓународната Сепанг писта во должина од 5.543 метри во провинцијата Селангор во Малезија  и чиј старт поради дождот доцнеше 2 часа 40 минути, се возеше во вкупно 14 круга.

Пилотот на Kawasaki Puccetti Кенан Софуоглу кој трката ја започна од „пол позиција“ на самиот старт ја изгуби лидерската позиција пред Реа од екипата GRT.

Во вториот круг малезискиот пилот на Orelac VerdNatura Каирудин го престигна Реа и водеше во текот на 9 круга.

Во меѓувреме Кенан Софуоглу опадна на четвртото место.

Италијанскиот пилот на Gemar Balloons-Lorini Бадовини во 10-от круг ја долови лидерската позиција која ја зачува се до крајот на трката и за прв пат го освои првото во својата досегашна кариера.

По првопласираниот Бадовини со разлика од 0.05 секунди втор беше Каирудин, а по него со разлика од 0,98 секунди третото место го освои Реа.

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу на финишот пристигна по 8,2 секунди и трката ја заврши на 6-тото место.

Кенан Софуоглу бројот на своите поени го зголеми на 96 и и покрај тоа што го освои шестото место ја зголеми разликата со своите противници во пласманот кај пилотите.

По Кенан Софуоглу на второто место се наоѓа неговиот совозач Круменахер кој има освоено 79 поени, а трет е Жул Клузел од MV Agusta.

Седмата трка на Светскиот Суперспорт шампионат ќе се вози на 29 мај во Велика Британија.



Слични вести