Вакифбанк шампион во Првата одбојкарска лига на Турција за жени

Вакифбанк со извојуваната победа против Фенербахче Грундиг со резултта од 3:1 во сетови стана шампион во Првата одбојкарска лига на Турција за жени во сезоната 2015-2016

481865
Вакифбанк шампион во Првата одбојкарска лига на Турција за жени

Вакифбанк на последниот натпревар од второто полувреме во финалната етапа на Првата одбојкарска лига на Турција за жени го победи Фенерабахче Грундиг со резултат од 3:1 во сетови и стана шампион во сезоната 2015-2016. 

На крајот од организацијата која што траеше 3 дена во спортската сала Башкент во Анкара одбојкарките на Вакифбанк ја освоија шампионската титула.

Фенербахче Грундиг пак со освоени 11 поени го освои второто место. 

Вакифбанк која ја освои шампионската титула во 32-рата сезона на Првата одбојкарска лига за жени досега 9 пати го освои и купот на Турција.

Вакифбанк досега со своето сегашно име стана шампион во Првата одбојкарска лига за жени пет пати и тоа во сезоната 1991-1992, 1996-1997, 1997-1998, 2012-2013 и 2013-2014 година, а исто така стана шампион и со името Ѓунеш Сигорта во сезоната 1992-1993 и со името Вакифбанк Ѓунеш Сигорта  во сезоната 2004-2005 година.

Минатата сезона шампион стана Фенербахче Грундиг додека Вакифбанк го освои второто место.

Најмногу шампионски титули во Првата одбојкарска лига на Турција за жени во вкупно 32 одиграни сезони има освоено Еџзаџибаши ВитрА со освоени 16 шампионски титули.



Слични вести