На 52-та Претседателска велосипедска трка победи португалецот Хосе Гончалвес

Првото место во генерален пласман на 52-та Претседателска велосипедска трка го освои португалецот Хосе Гончалвес од шпанската екипа Каха Рурал-Сегурос РГА

482103
На 52-та Претседателска велосипедска трка победи португалецот Хосе Гончалвес

52-та Претседателска велосипедска трка заврши со осмиот и последен дел, етапата Мармарис-Селчук.

На етапата Мармарис-Селчук победи португалскиот велосипедист Хосе Гончалвес од шпанската екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.

Гончалвес тиркизната маица која ја доби на крајот на етапата Кумлуџа-Елмали од трката ја зачува и во наредните две етапи и трката ја заврши на лидерската позиција во генерален пласман.

Шпанската екипа Каха Рурал-Сегурос РГА стана шампион и во екипна конкуренција.

На крајот на етапата Мармарис-Селчук не беше доживеана одредена промена во лидерските маици.

Зелената маица на спринт лидерот ја освои Мануел Белети од италијанската екипа Саутист Венецуела.

Црвената маица која ја носеше лидерот за искачување ја освои Прземислав Ниемиец од италијанската екипа Лампре-Мерида, додека белата маица која ја облече лидерот на убавините на Турција исто како и минатата година ја освои Луис Мас Бонет од шпанската екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.



Слични вести