Кенан Софуоглу победи на петтата трка во сезоната на Светскиот Суперспорт шампионат

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу победи на петтата трка од сезоната која што се возеше на пистата Имола, во Болоња, во Италија во должина од 4.936 метри

482087
Кенан Софуоглу победи на петтата трка во сезоната на Светскиот Суперспорт шампионат

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу кој се натпреварува во Светскиот Суперспорт шампионат го освои првото место во петтата трка од сезоната која што се возеше во Италија.

Петтата трка од сезоната која што се возеше на пистата Имола во должина од 4.936 метри во италијанскиот град Болоња, се возеше во вкупно 16 круга.

31-годишниот турски мотоциклист Кенан Софуоглу ја извојува втората победа во оваа сезона и 34-та победа во својата кариера во Суперспорт.

Второто место со доцнење од 1,4 секунди го освои Жул Клузел, а по него со доцнење од 3 секунди третото место го освои возачот на Хонда Патрик Џакобсен. 

Со оваа извојувана победа Кенан Софуоглу бројот на освоени поени го зголеми на 86 и се искачи на лидерската позиција и на шампионатот.

Шестата трка на Светскиот Суперспорт шампионат ќе се вози на 15 мај во Малезија.



Слични вести