Виљареал-Ливерпул вечерва во живо на екраните на ТРТ 1

Полуфиналниот натпревар помеѓу Виљареал и Ливерпул во Лига Европа ќе започне во 22:05 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1

480131
Виљареал-Ливерпул вечерва во живо на екраните на ТРТ 1

Вечерва (29 април, четврток) ќе се одигра првиот полуфинален фудбалски натпревар во Лига Европа помеѓу шпански Виљареал и англиски Ливерпул кој ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.

Мечот ќе започне во 22:05 часот според турско време, а ќе го води словенечкиот судија Дамир Скомина.

Овој значаен натпревар ќе може да се следи во живо преку екраните на ТРТ 1.

Реваншот на натпреварот Виљареал-Ливерпул ќе се одигра по една недела на 5 мај во четврток.

Од друга страна во вториот натпревар што исто така ќе се одигра вечерва украински Шахтјор Доњецк ќе го угости шпански Севиља.

И овој натпревар ќе започне во 22:05 часот според турско време.

 



Слични вести