Галатасарај го освои Еврокупот и се стекна со право за директно учество во Евролигата

Турската кошаркарска екипа Галатасарај Одеабанк на синоќешниот меч против Стразбур извојува победа и го освои Еврокупот, а се стекна со право и за директно учество во Евролигата

479796
Галатасарај го освои Еврокупот и се стекна со право за директно учество во Евролигата

Синоќа во спортската сала Абди Ипекчи во Истанбул помеѓу Галатасарај Одеабанк и француската екипа Стразбур се одигра реваншот од кошаркарскиот натпревар во финалната серија на Еврокупот.

Галатасарај Одеабанк својот противник Стразбур го победи со 78-67 и ја освои шампионската титула.

На тој начин Галатасарај Одеабанк го освои првиот трофеј на Еврокупот во историјата на кошарката во Турција.

Освен тоа Галатасарај Одеабанк со постигнување на овој успех се стекна со право за директно учество и во Евролигата за идната година.



Слични вести