Фенербахче се пласира во Фајнел-фор натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс (ТХЈ)

Фенербахче со извојуваната победа над шпански Реал Мадрид и со победа од 3:0 во плеј-оф серијата се пласира во Фајнел-фор натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс (ТХЈ)

474576
Фенербахче се пласира во Фајнел-фор натпреварите во Евролигата Туркиш Ерлајнс (ТХЈ)

Турската кошаркарска екипа Фенербахче во плеј-оф серијата во кошаркарската Евролига Туркиш Ерлајнс (ТХЈ) во гости ја победи силната шпанска екипа Реал Мадрид со резултат од 75:63.

Фенербахче со оваа извојувана победа од 3:0 во плеј-оф серијата се стекна со право за учество на Фајнел-фор натпреварите.

Фенербахче во првите два одиграни натпревари во Истанбул го победи својот противник Реал Мадрид со 75:69 и 100:78.

На тој начин жолто-лилјаковите кошаркари кои го депласираа последниот шампион Реал Мадрид во Фајнел-форот ќе играат против шпанската екипа Лаборал Куча која пак го елиминира грчки Панатинаикос.

Во вториот Фајнел-фор натпревар ќе играат руската екипа ЦСКА Москва и победникот од серијата мечеви помеѓу Локомотив Кубан и шпански Барселона.

Фенербахче за прв пат во својата историја се пласира во Фајнел-фор натпреварите минатата година и оваа своја радост ќе ја доживее по втор пат во германскиот главен град Берлин каде што ќе се одиграат Фајнел-фор натпреварите од 13 до 15 мај.



Слични вести