Познати двојките во полуфиналето на Лигата на шампионите

Во полуфиналето на Лигата на шампионите Манчестер Сити ќе игра против Реал Мадрид, а Атлетико Мадрид против Баерн Минхен

471887
Познати двојките во полуфиналето на Лигата на шампионите

Во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион вчера (петок) беа извлечени двојките за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА.

Еве ги полуфиналните парови за најелитното европско фудбалско натпреварување:

Манчестер Сити (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија)

Атлетико Мадрид (Шпанија) - Баерн Минхен (Германија)

Првите полуфинални натпревари во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 26 и 27 април, а реваншите по една недела на 3 и 4 мај.

Натпреварите ќе се емитуваат во живо преку екраните на ТРТ.



Слични вести