Кошаркар на грчки Панатенаикос стана турски државјанин

Кошаркарот на грчки Панатенаикос Андонис Фотсис доби турско државјанство

467350
Кошаркар на грчки Панатенаикос стана турски државјанин

Генералниот конзулат на Република Турција во Атина ја прифати молбата на 35 годишниот Фотсис за примање турско државјанство.

Инаку мајката на Фотсис која починала минатата година имала турско државјанство.Таа била родена на островот Хејбелиада кај Истанбул.

Антонис Фотсис после добивањето на турското државјанство ќе може да игра со статус турски играч во било кој турски кошаркарски клуб.

Фотсис воедно ќе биде прв грчки кошаркар кој во Турција ќе игра како турски државјанин.



Слични вести