Познат датумот на одржување на дерби натпреварот Галатасарај-Фенербахче
Дерби натпреварот помеѓу Галатасарај и Фенербахче кој беше одложен поради ебзбедносни причини ќе се одигра на 13 април во среда
459860

Функционерите на Фенербахче и Галатасарај денеска (понеделник) се состанаа во комплексот на Турската фудбалска федрација (ТФФ).
На состанокот беше разговарано за датумот на одржување на дерби натпреварот од 26-тото коло на Спор Тото Супер Лигата кој беше одложен поради безбедносни причини.
Во објавеното соопштение на крајот на состанокот кој што траеше приближно еден час се истакнува дека дерби натпреварот помеѓу Галатасарај и Фенербахче ќе се одигра на 13 април во среда.