Риза Кајаалп европски шампион во грчко-римски стил

На Европското првенство во борење во главниот град на Летонија, Рига , турскиот борач во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми Риза Кајаалп го победи својот противник со туш и стана европски шампион

449578
Риза Кајаалп европски шампион во грчко-римски стил

Турскиот борач Риза Кајаалп стана Европски шампион во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми.

На финалниот натпревар на Европското првенство во борење што се одржува во главниот град на Летонија, Рига , турскиот репрезентативен борач Риза Кајаалп се бореше против украинскиот борач Олександр Чернетски.

Дододека натпреварот продолжуваше со нерешен резултат од 2:2 турскиот борач го победи својот противник со туш и освојувајќи го златниот медал стана европски шампион.

Украинскиот борач Олександр Чернетскиј пак го освои второт место и се закити со сребрен медал.

На тој начин турскиот борач во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми Риза Кајаалп шест пати досега и пет пати едно по друго стана европски шампион.

Во оваа категорија бронзени медали освоија двајца борачи и тоа швеѓанецот Јохан Магнус Еурен и белорусинот Лосеб Чугошвили.




Слични вести