Кенан Софуоглу додека водеше доживеа несреќа и не можеше да ја заврши трката

Кенан Софуоглу кој водеше во текот на 5 круга на 3 круга пред крајот под дејство и на влажната писта поради дождот изгуби контрола, доживеа несреќа не можеше да ја заврши трката

441120
Кенан Софуоглу додека водеше доживеа несреќа и не можеше да ја заврши трката

Турскиот мотоциклист Кенан Софуоглу кој се натпреварува во Светскиот Суперспорт шампионат првата трка на сезоната што се возеше во Австралија поради доживеаната несреќа во 15-тиот круг не можеше да ја заврши трката.

Првата тркка на сезоната се возеше на пистата „Филип Ајланд“ долга 4.445 метри во Австралија во 18 круга.

Јакобсен од екипата на Хонда кој трката ја започна од втората пол позиција со добар старт првата трка ја возеше на првото место пред пилотите на Kawasaki Puccetti Кенан Софуоглу и Круменахер.

Во првите 5 круга лидерската позиција се менуваше меѓу Круменахер, Јакобсен, Клузел и Вест, додека Кенан Софуоглу беше на шестото место.

Кенан Софуоглу во наредните круга еден по еден ги престигна своите противници и во 8-от круг се искачи на третото место, во 9-от круг на второ место и во 10-от круг на првото место.

Во текот на 5 круга Кенан Софуоглу го продолжи водството, но на 3 круга пред крајот на трката под дејство и на влажната писта поради дождот изгуби контрола и не можеше да ја заврши трката.

Потоа првото место од Кенан Софуоглу премина на неговиот екипен возач Швајцарецот Круменахер кој во првата Суперспорт трка во својата кариера го освои првото место.

Втор беше Карикасуло од екипата Bardahl Evan Bros. Honda, а третото место го освои Вест од екипата Tribeca кој на трката учествуваше со специјална покана.

Со овој резултат Швајцарецот Круменахер со 25 поени го освои првото место во пласманот на пилоти, на второ место со 20 поени е Карикасуло, а трет Вест со освоени 16 поени.

Втората трка на Светскиот Суперспорт шампионат ќе се вози на 13 март во Тајланд.



Слични вести