Џани Инфантино нов претседател на ФИФА

Јас сум избран како резултат на демократијата во ФИФА

440352
Џани Инфантино нов претседател на ФИФА

На вонредните избори за претседател на ФИФА, поранешниот генерален секретар на УЕФА, Џани Инфантино со 115 освоени гласови од вкупно 207, избран за нов претседател на ФИФА.

По изборот, Инфантино излезе на бината и рече:

Сакам да им се заблагодарам на сите. Им благодарам и на сите кандидати. Ова е спортски натпревар. Јас сум избран како резултат на демократијата во ФИФА. Вие сте 207 членови. Ви благодарам на сите. Ќе продолжам да работам со вас. Сите ќе бидеме заедно. Повторно ќе ја изградиме ФИФА. Кога ќе говориме за ФИФА повторно ќе зборуваме само за фудбалот. Поминаа тешки времиња кои остана во минатото. Сега е време за остварување на реформите. Ќе направиме се што наши можности ФИФА повторно да се стекне со респектот што го заслужува, рече Инфантино.



Слични вести