Вечерва погледите свртени кон натпреварите на Фенербахче и Галатасарај

Вечерва две турски претставници во УЕФА Европа Лигата, Фенербахче и Галатасарај, ќе им гостуваат на руски Локомотив Москва и италијански Лацио

438935
Вечерва погледите свртени кон натпреварите на Фенербахче и Галатасарај

Погледите во Турција свртени кон фудбалските натпревари во УЕФА Европа Лигата.

Најпрвин Фенербахче вечерва ќе го одигра реванш натпреварот против рускиот претставник Локомотив Москва, а потоа Галатасарај ќе му гостува на италијански Лацио.

Натпреварот помеѓу Фенербахче и Локомотив Москва ќе започне во 18:00 часот според турско време и ќе се одигра во Москва.

Првиот натпревар во Истанбул заврши со резултат од 2:00 со што Фенербахче се стекна со значајна предност за пласирање во наредното коло од натпреварите.

Нашиот втор претставник во УЕФА Европа Лигата Галатасарај пак вечерва ќе му гостува на италијански Лацио.

Натпреварот ќе започне во 20:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.

Првиот натпревар што се одигра во Истанбул заврши со нерешен резултат од 1:1.




Слични вести