Галатасарај вечерва во Рим игра против Лацио

Натпреварот ќе се одигра во Рим, ќе започне во 22:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку ТВ екраните на ТРТ 1 и радиото ТРТ Радио 1

439297
Галатасарај вечерва во Рим игра против Лацио
zzzzzzzzzlgszzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzzza217920a-9cfa-4be1-a87b-7f3dbc77e569.jpg

Галатасарај во рамките на реванш натпреварот од шеснаесетфиналето во УЕФА Европа Лигата вечерва (25 февраури, четвтрок) ќе му гостува на италијански Лацио.

Мечот што ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Рим ќе го води рускиот судија Владислав Безбородов.

Натпреварот ќе започне во 22:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку ТВ екраните на ТРТ 1 и радиото ТРТ Радио 1.

Галатасарај за да се пласира во наредното коло од натпреварите треба да извојува победа врз италијански Лацио или мечот да го заврши со нерешен резултат со по два или повеќе голови.

Доколку натпреварот во нормалните 90 минути исто како и во првиот натпревар во Истанбул заврши со нерешен резултат од 1:1 ќе се оди на продолжетоци.

Доколку и за време на продолжетоците продолжи истиот резултат тогаш ќе се оди на пенали и онаа екипа која ќе биде поуспешна во изведување на пеналите ќе се пласира во осмофиналето на УЕФА Европа Лигата.

Еве ги 11 фудбалери со кои двете екипи се очекува да излезат на теренот:

Лацио: Федерико Маркетти, Абдулај Конко, Маурисио Наскименто, Весли Хоед, Стефан Раду, Лукас Биглија, Сергеј Савиќ, Алесандро Матри, Сенад Лулиќ, Фелипе Андерсон, Марко Пароло.

Галатасарај: Фернандо Муслера, Џејсон Денајер, Аурелиен Чеџу, Корај Ѓунтер, Хакан Балта, Рајан Донк, Сабри Сариоглу, Селчук Инан, Весли Снаидер, Лионел Карол, Лукас Подолски.



Слични вести