Екипата на Галатасарај отпатува за Рим

Натпреварот што ќе се одигра во четврток во 21 часот според турско време ќе се емитува во живо на ТВ канал ТРТ и на радиото ТРТ Радио 1

438172
Екипата на Галатасарај отпатува за Рим

Во рамките на реванш натпреварот на 32 коло на Европската лига на УЕФА, фудбалската екипа на Галатасарај отпатува за Рим каде што во четврток ќе игра против италијанската екипа Лацио.

Во екипата на жолто-црвените против Лацио ќе играат следните играчи: Фернандо Муслера, Билал Киса, Јасин Озтекин, Селчук Инан, Умут Булут, Весли Снајдер, Лукас Подолски, Хозе Родригез, Рајан Донк, Аурелиен Чедју, Хакан Балта, Лајонел Карол, Семих Каја, Корај Ѓунтер, Олџан Адин, Емре Чолак, Сабри Сариоглу, Џејсон Денајер, Ерај Ишџан и Џен Ѓонен.

Селекторот на Галатасарај Мустафа Денизли и голманот Фернандо Муслера денес во 18 часот ќе договараат на прашањата на новинарите. Натпреварот што ќе се одигра во четврток во 21 часот според турско време ќе се емитува во живо на ТВ канал ТРТ и на радиото ТРТ Радио 1.



Слични вести