Фудбалер му покажа црвен картон на судија

Салих Дурсун фудбалер на Трабзонспор го зеде црвениот картон кој што му падна од рацете на судијата Бритнел и го покажа картонот во знак на протест на одлуките на судијата

437041
Фудбалер му покажа црвен картон на судија
Фудбалерот на Трабзонспор Салих Дурсун доби црвен картон од судијата Дениз Атеш Бритнел на натпреварот на неговиот тим Трабзонспор против Галатасарај во рамките на натпреварите на Супер лигата на спортското лото. Трабзонспор беше поразен од Галатасарј со 2 спрема 1.Четворица фудбалери на Трабзонспор добија црвени картони и мораа да ја напуштат играта така да Трабзонспор натпреварот го заврши со 7 играчи. Фудбалерот Салих Дурсун во еден момент го зеде црвениот картон кој што му падна од рацете на судијата Бритнел и го покажа картонот во знак на протест на одлуките на судијата,по што исто така доби црвен картон и ја напушти играта. Голем број светски информативни агенции ја проследија веста за Салих Дурсун.


Слични вести