Галатасарај вечерва игра против италијански Лацио

Галатасарај вечерва на стадионот „Турк Телеком Арена“ во Истанбул ќе го пречека италијански Лацио

435187
Галатасарај вечерва игра против италијански Лацио

Турскиот фудбалски претставник Галатасарај во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во УЕФА Европа Лигата ќе го пречека италијански Лацио.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Турк Телеком Арена“ во Истанбул и ќе започне вечерва (18 февруари, четврток) во 22:05 часот според турско време.

Судија на мечот ќе биде Мајкл Оливер од англиската Фудбалска федерација.

Галатасарај кој поради неколкуте добиени неуспени резултати поминува низ лош период ќе се обиде да извојува победа против Лацио и со тоа и да се стекне со морал и да долови предност пред реваншот.

Жолто-црвените фудбалери ќе водат борба за извојување победа над Лацио кој пак групните натпревари ги заврши без пораз.

Љубителите на фудбалот овој критичен натпревар можат да го следат преку директен пренос на ТРТ Радио 1, додека реваншот што ќе се одигра на 25 февруари во четврток во гости ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.




Слични вести