Тимот на САД го победи Тимот на светот (157:154)

На 65-от НБА ОЛ Стар натпревар Тимот на САД го победи Тимот на светот со резултат од 157:154

432393
Тимот на САД го победи Тимот на светот (157:154)

Во првиот дуел од НБА Ол Стар викендот на Американската кошаркарска лига НБА Тимот на САД го победи Тимот на светот со резултат од 157:154.

Во рамките на 65-от Ол Стар натпревар кој за прв пат се одржува надвор од САД во канадскиот град Торонто се одигра натпреварот помеѓу американските „Ѕвезди во подем“ и Тимот на светот, составен од неамерикански кошаркари кои играат во НБА.

На крајот од мечот победија американските „Ѕвезди во подем“ со 157:154.

Ѕвезда на мечот во тимот на „Ѕвездите во подем“ беше плејмејкерот на Минесота Тимберволвес Зак Лавин кој играше со 30 коша, 7 скока и 4 асистенции, кој воедно беше избран и за најкорисен играч на мечот и ја доби наградата МВП.

Во Тимот на светот по 30 коша постигнаа летонскиот играч на Њу Јорк Кникс Кристапс Порзигинс и Конгоанецот Емануел Мудиај играч на Денвер Нугетс, а Канаѓанецот Ендру Вигинс играше со 29 коша.

Зак Лавин кој ја доби и наградата за најкорисен играч со извонредниот настап ги застраши своите проитвници и за натпреварот во забивање на Ол Стар викендот, по мечот изјави дека е возбуден и подготвен за да презентира добро шоу.

Лавин кој игра две сезона во НБА го освои првото место и на натпреварот за забивање минатата година.

НБА Ол Стар викендот ќе продолжи со натпревари за најдобар тројкаш, најдобро забивање и најдобар талент.

65-от Ол Стар меч помеѓу Источната и Западната конференција ќе се одигра на 15 февруари во 03:30 часот спроед турско време.





Слични вести