Милош Раониќ го победи противникот Станислас Вавринка

Противник на Раониќ во четврт-финалето е Французинот Гаел Монфилс

424532
Милош Раониќ го победи противникот Станислас Вавринка

На првиот Гренд слем тениски турнир Австралија опен, Милош Раониќ го победи противникот Станислас Вавринка

На 4-от круг на натпревари на турнирот во Мелбурн, четвртиот рекет Станислас Вавринка играше против 13-от рекет Канаѓанецот Милош Раониќ. По тешкиот натпревар кој траеше 3 часа и 44 минути, Раониќ извојува победа од 3 -2 и успеа да влезе меѓу првите 8. Противник на Раониќ во четврт-финалето е Французинот Гаел Монфилс.

Останатите парови кои ќе се натпреваруваат во четврт-финалето се Ѓоковиќ ќе игра против Нишикори. Федерер против Бердих. Последните четврт-финалисти ќе бидат определени по натпреварите меѓу Ферер кој ќе игра против Иснер, и Томиќ против Мурај.



Слични вести