УЕФА: Технологија на гол линијата за време на ЕУРО 2016 и ЛШ

Европската фудбалска федерација (УЕФА) соопшти дека на Европското фудбалско првенство во 2016 (ЕУРО 2016) и идната сезона во Лигата на шампионите ќе се користи технологијата на гол линијата

424262
УЕФА: Технологија на гол линијата за време на ЕУРО 2016 и ЛШ

Извршниот совет на Европската фудбалска федерација (УЕФА) својот прв состанок во оваа година го одржа во швајцарскиот град Нион под претседателство на генералниот секретар на УЕФА Џиани Инфантино.

Во објавеното соопштение од страна на УЕФА по состанокот беше соопштено дека технологијата на гол линијата која претходно беше користена на натпреварите на Светскиот куп ќе се користи и на ЕУРО 2016 што ќе се одржи во периодот од 10 јуни до 10 јули и чиј домаќин ќе биде Франција.

Беше истакнато дека технологијата на гол линијата ќе се користи идната година почнувајќи од плеј-оф колото во Лигата на шампионите на УЕФА, а во сезоната 2017-2018 година и во натпреварите од групната фаза во Европската лига на УЕФА.



Слични вести