Галатасарај продолжува во Европската лига на УЕФА

Галатасарај играше нерешено со Астана 1:1 со што се стекна со право на продолжување на натпреварувањето во Европската лига на УЕФА

404298
Галатасарај продолжува во Европската лига на УЕФА

Галатасарај последниот натпревар во својата квалификациона група „Ц“ во Лигата на шампионите на УЕФА ја угости казачки Астана.

Натпреварот кој се одигра на стадионот Турк Телеком Арена во Истанбул заврши нерешено 1:1 со што Галатасарај се стекна со право на продолжување на натпреварувањето во Европската лига на УЕФА.

Голот за Астана пристигна во 62-та минута од натпреварот од Патрик Твумаси, а само 2 минути во 64-та минута Галатасарај го изедначи резултатот со голот на Селчук Инан. 

Натпреварот кој беше емитуван во живо преку екраните на ТРТ 1 го следеа голем број гледачи.

 



Тагови:

Слични вести