Галатасарај вечерва во Истанбул ќе ја угости Астана

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Турк телеком Арена во Истанбул, ќе започне во 21:45 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1

403555
Галатасарај вечерва во Истанбул ќе ја угости Астана

Галатасарај вечерва во последниот натпревар во својата квалификациона група „Ц“ во Лигата на шампионите ќе ја угости казачки Астана.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Турк телеком Арена во Истанбул, ќе започне во 21:45 часот според турско време и ќе се емитува во живо преку екраните на ТРТ 1.

Галатасарај во својата квалификациона група досега има освоено 4 поени, а неговиот противник Астана 3 поени. На тој начин нерешениот резултат од овој натпревар ќе му обезбеди на Галатасарај да го продолжи натпреварувањето во Европската лига на УЕФА, меѓутоа доколку Галатасарај извојува победа при извлекување на ждребките ќе биде носител во еден од шеширите при извлекување на ждрепките.

Имено според правилата 4 од екипите со најголем број освоени поени меѓу 8-те екипи кои од Лигата на шампионите ќе го продолжат натпреварувањето во Европската лига на УЕФА при извлекувањето на ждрепките ќе бидат носители во еден од шеширите.

На тој начин доколку Галатасарај вечерва извојува победа над својот противник Астана во Европската лига на УЕФА нема да игра со едната од посилните екипи.

Судија на мечот Галатасарај-Астана ќе биде Крег Александер Томсон од шведската Фудбалска федерација. 


Тагови:

Слични вести