Галатасарај се збогува со Лигата на шампионите

Галатасарај изгуби од шпански Атлетико Мадрид со резултат од 2:0 и се збогува со Лигата на шампионите

422397
Галатасарај се збогува со Лигата на шампионите

Галатасарај синоќа во петтиот натпревар во групата „Ц“ во Лигата на Шампионите на УЕФА му гостуваше на шпански Атлетико Мадрид.

Црвено-жолтата екипа беше поразена од Атлетико Мадрид со резултат од 2:0 со што ја изгуби и шансата за излез од својата квалификациона група.

Галатасарај за да го продолжи натпреварувањето во Европската лига на УЕФА последниот натпревар во групата ќе го одигра против казахстански Астана.

По натпреварот во Шпанија тренерот на Галатасарај Клаудио Тафарел на одржаната конференција за печатот истакна дека нема што да се каже во врска со мечот освен да му се честита на противникот кој играше подобро.

Новиот технички директор на Галатасарај Мустафа Денизли пак за кого се очекува денеска да го потпише и договорот на излегување од стадионот изјави за новинарите дека на крајот од 90-те минути не можеше да се постигне добор резултат. 

Техничкиот директор на Атлетико Мадрид Диего Симеоне по натпреварот изјави: „Навистина беше значаен натпревар. Во првото полувреме настојувавме топката да е кај нас и да создадеме празнини во играта. Во првото полувреме постигнавме и еден гол, но потоа во второто полувреме и постигнавме гол и игравме подобро.“



Тагови:

Слични вести