Ревија од голови на пријателскиот меч Сараево-Галатасарај

Синоќа пред приближно 10 илјади гледачи на Олимпискиот стадион "Асим Ферхатовиќ Хасе-Кошево" беше одигран пријателски натпревар помеѓу Сараево и Галатасарај

417358
Ревија од голови на пријателскиот меч Сараево-Галатасарај

Синоќа се одигра пријателски натпревар на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) помеѓу последната шампионска екипа на Босна и Херцегиовина Сараево и Галатасарај.

Натпреварот што се одигра на Олимпискиот стадион "Асим Ферхатовиќ Хасе-Кошево" заврши со нерешен резултат од 3:3.

Пред натпреварот им беше оддадена почит со едноминутно молчење на жртвите во терористичките напади во Париз.

Головите за Галатасарај ги постигнаа Олџан Адин, Синан Ѓумуш и Батухан Ерѓун, а за Сараево Дуљевиќ и Амер Бекиќ (2).

Поранешните фудбалери на Сараево Ален Скоро и Емир Обуца кои играа во првите 10 минути од натпреварот го одиграа својот јубилеен натпревар и ја завршија својата фудбалска кариера.

Натпреварот кој се одигра во извонредна атмосфера го следеа приближно 10 илјади гледачи.

 


Тагови:

Слични вести