Галатасарај поразен од Бенфика во гости

Турскиот претставник во Лигата на шампионите Галатасарај изгуби од португалски Бенфика со резултат од 2:1 во гости

410159
Галатасарај поразен од Бенфика во гости

Галатасарај во четвртиот натпревар во својата елиминациона група „Ц“ во Лигата на шампионите синоќа во гости беше поразен од португалскиот претставник Бенфика.

Натпреварот се одигра на стадионот Луз во главниот град на Португалија Лисабон додека првиот гол пристигна во 52-та минута од Џонас.

Џонас Гонзалес искористувајќи ја дефанзивната грешка на Галатасарај постигна гол со кој Бенфика премина во водство.

6 минути по овој гол Галатасарарај со голот на Подолски го израмни резулаттот на 1:1, меѓутоа во 67-та минути пристигна и вториот гол на Бенфика.

Во 67-та минути Луисао повторно по уште една направена дефанзивна грешка го постигна вториот гол за својата екипа.

Со овој резултат на првото место на табелата во елиминационата група „Ц“ во Лигата на шампионите се искачи Бенфика со освоени 9 поени, втор е шпански Атлетико Мадрид со 7 поени, а Галатасарај е на третото место со освоени 4 поени.


Тагови:

Слични вести